Во АлфаТаури се е во ред и покрај изјавата на Тост

Ник де Врис, дебитантот на АлфаТаури, откри дека во тимот нема промена на атмосферата и покрај изјавата ан шефот Тост дека не им верува на инженерите по промашените цели за сезонава.

Сестринскиот тим на Ред Бул имаа голема амбиција, но ја почнаа сезоната во долниот дел од средината на поредокот. Незадоволен и откако АТ04 не се покажа како посилен од ланскиот модел, австриецот изјави дека не им верува на своите инженери.

Изјавата на Тост беше изненадување за многумина затоа што многу ретко се лсучува за тимски шеф да губи верба во тимот и тоа јавно да го кажува. Но, де Врис уверува дека по изјавата на шефот, нема лоша атмосфера во екипата.

искрено мислам дека атмосферата во тимот е одлична и нема никакви промени по коментарите на тост. неговата изјава беше извадена од контекст затоа што сите во тимот работат напорно, даваат се од себе и секако дека сакаат да бидеме брзи како што се ред бул.

даваме се од себе да се подобриме, да имем силен напредок, тркачи сме кои се страствени за спортот и тоа е она што го работиме.

не гледам некоја промена во фаенца, така што задоволен сум со моето моментално место и нетрпелив да продолжиме силно во иднина – вели де врис.

Со 10то место и поенот на Јуки Тсунода, тимот го имаше својот прв топ 10 пласман годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ