Во Америка зголемена гледаноста на трката во Монако

Гранд при на Монако минатиот викенд можеби имаше малку акција, но тоа не го спречи да придонесе кон силна ТВ гледаност на Формула 1 трката во Соединетите Американски Држави.

Преносот во живо на трката на ESPN2 собра 0,6 Нилсен рејтинг, со просек од 934,000 гледачи во домаќинствата и зголемување на просекот на сезоната за телевизиски преноси во живо над 900,000 и покрај тоа што не беше на главниот канал на ESPN.

Исто така, ја победи публиката и за телевизиските преноси во живо за Монако Гранд При во 2018 и 2019, кои се емитуваа на ESPN.Трката не се одржа минатата година поради глобалната пандемија. Во меѓувреме, реприза на трката во 12:30 часот во Недела попладне на ABC ја гледале гледале дури 763,000 гледачи.

За перспектива, комбинираната публика на двете емисии сепак беше помалку отколку трката во НАСКАР Купот на патеката КОТА во Остин со 2,4 милиони гледачи на FS1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ