Гасли: Монако веќе почнува да ни тежи

Пјер Гасли изјави дека резултатот од Монако почнал да добива на тежина за тимот. 

Естебан Окон заврши на трета позиција во кнежевството додека Гасли заврши на седма позиција по лошото менување на гуми. 

Сега имаме насмевки и мислам дека луѓето се поефикасни кога се смеат. Мислам дека целиот тим е задоволен и тоа носи тежина. Не верувам дека ќе го сменат пристапот но ние се бориме и напредуваме. Сигурно тоа е мислењето на тимот но сметавме дека не сме на доволно ниво од почетокот на годината. Имаме прогрес и работиме да одиме напред. 

Гасли смета дека има напредок во болидот поради новите делови и сега треба да се оптимизираат. 

Мислам дека има повеќе параметри во игра. Донесовме нови делови во Мајами и спремавме за Имола кои ги користевме во монако. Викендот во Баку не беше добар но мора да се носат одлуки како во Монако кои ни помогнаа. Такво викенд со силен пакет ни носи многу. 

Окон се согласува дека резултатот од Монако е голем поттик за тимот. 

Јасно е дека не бевме среќни со ситуацијата. Но не престанавме и верувавме до крај. Сите во тимот го заслужија тоа што се случи. Напорната работа се исплатеше. Верувам во планот на Роси и де Мео. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ