Во Мадрид ќе се гради нова патека, Барселона во опасност

Иако недостаток на тркачки автодроми во Шпанија не постои, крај Мадрид ќе никне уште еден најсовреме, непосредно до најголемиот и главен град на земјаа

Шпанија во моментов има три патеки со највисоки оценки од ФИА и тоа онаа каде се одржува Гранд При трката, крај Барселона, потоа појужниот Херез, но рамо до рамо со нив е и Моторленд Арагон. Оваа крај Мадрид ќе биде неспоредно до градчето Мората Де Тајуна и ќе може да организира Формула 1 и МоторГП настани.

Повеќе од осум години траат гласините дека оваа патека ќе почне да се гради, но деновиве е донесена конечна одлука и добиени се сите потребни дозволи.

идејата е да се изградат објекти кои ќе работат 280 деновигодишно со моторспорт настани и концерти во лето.

мислам дека нема да имаме никакви проблеми со потребните дозволи затоа што не се работи за многу населена област и земјиштето не е плодно – изјави градоначалникот на Мората Де Тајуна, анхел санчез.

Но, новата патека не значи експресна преселба на некоја престижна трка затоа што се очекува градежните работи да се изведуваат следните три години. Првата фаза, односно самата патека, ќе трае цели 10 месеци, а потоа следуваат две години во пропратните објекти.

Предложената конфигурација е долга 4,5 километри со правец долг650 метри и процечна ширина од 20 метри. Капацитетот на трибините ќе биде 80.000 гледачи, ќе има хотел, бензинска пумпа, огромен паркинг со капацитет за 1.500 автомобили, картинг патека и музеј. Цената се проценува на 12 милион евра, а инвестицијата е целосно приватна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ