Ф1 ќе организира настан во Мадрид

Формула 1 планира да направи презентација во главниот град на Шпанија, Мадрид, која ќе започне на 24 Март и ќе трае до 16 Јули каде ќе се покаже неверојатниот свет на најпрестижната тркачка серија во светот. 

Настанот ќе трае час и половина и ќе се покажат досега невидени работи и соработки од спортот. Ова е отварање на голема работа во Формула 1.

СПортот расте со неверојатна брзина. Има се повеќе фанови кои се приклучуваат на спортот. Ваков настан ќе донесе уште повеќе фанови – изјави Стефано Доменикали, главниот извршен директор. 

Поранешниот менаџер на Вилијамс и сегашен новинар, Питер Виндзор, учествуваше во работата на настанот и раскажа приказни за Формула 1. 

За мене, Формула 1 се луѓето, инцидентите, личностите и приказните. Многу може да се прочита на Википедиа, но тоа не е целосната приказна. Тука ќе раскажеме како било и како е денес. 

На настанот ќе се прикажуваат снимки од почетоците на спортот со кои се очекува да се привлечат нови фанови. 

Лудо е да не се покаже на просечниот гледач на Нетфликс каков бил Стерлин Мос или Бернд Росемејер. Тоа се приказни за сите генерации. Јас би го ставил и Тацио Нуволари покрај Макс Верстапен. Тоа е успех. Да се направи мост помеѓу минатот и сегашноста. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ