Во Мекларен очекуваат Пиастри да го предизвика Норис

Во Мекларен се сигурни дека Оскар Пиастри ќе биде голем предизвика за својот колега, Ландо Норис, но не очекуваат никакви проблеми во нивната соработка.

По две години релаксирана атмосфера помеѓу Норис и Даниел Рикардо, доаѓањето на младиот австралијанец се очекува да донесе различна динамика во екипата. Пиастри е на почетокот од својата кариера и секако дека ќе сака д асе докаже откако беше во центарот на вниманието лани поради недоречености во неговиот догово.

Зек Браун, Главниот извршен директор на Мекларен, не се сомнева во можностите на младиот Оскар иако признава дека Норис е тежок противник.

немам очекувања и немам поставено цели за тоа што тој треба да направи, но мислам дека ландо е брз колку било кој друг во формула 1 и ако има пакет за да победува, тој ќе испорача победи. веројатно сите би се согласиле со мене.

оскар ќе има колега кој е еден од најбрзите возачи во формула 1, но очекувам жестоко да го предизвика – вели американецот.

Иако доаѓањето на Пиастри ќе ја промени динамиката во тимот, во Вокинг не очекуваат проблеми и несогласувања помеѓу своите двајца пилоти.

да бидам искрен, не очекувам проблеми. секој возач е различен, има различен карактер и тоа може да донесе различен однос помеѓу нив. но, тоа не значи дека ќе дојдеме до однос кој ќе ја наруши атмосферата во тимот. го знаеме ландо како момче, како карактер и возач, а оскар ќе го запознаеме – објасни андреас сеидл на крајот на минатата сезона пред да направи трансфер во заубер.

Браун го пофали начинот на кој Оскар се соочил со контроверзиите околу неговиот договор и борбата на Мекларен и Алпин за неговите услуги, особено по серијата жестоки критики од шефот на француускиот тим, Отмар Шафнауер.

импресиониран сум со тоа како се однесуваше во текот на летото. мислам дека коментарите на отмар кон оскар беа нефер и неточни особено што бордот за разрешување на спорови во договорите донесе одлука. тој остана многу зрел во целиот процес што за 21-годишно момче е импресивно. беше под огромен притисок, но ја задржа главата ладна и одлично се снајде.

мислам дека е идна ѕвезда на спортот. не се тркаше лани и немаме право на многу тестови, посакував да има повеќе шанси пред сезоната да вози, но тоа е, доби само 1,5 денови што е многу малку.

мислам дека ќе биде силен и ќе го притиска ландо, но мораме пред се да му дадеме време да се адаптира. тој е сериозен професионалец кој е целосно подготвен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ