Во Мекларен сигурни дека ќе има повторно дупки во правилата

Џејмс Кеј, техничкиот директор на Мекларен, е сигурен дека тимовите ќе најдат дупки во новите правила иако тие се поригорони од претходно. 

Претходно правилата беа полабави и можеше да се работи во “сива зона“ како Браун во 2009 година, но Кеј смета дека и сега е тоа можно иако правилата се поекстремни. 

Секогаш мора да се земе во предвид дека секогаш може да се најдат нови дупки бидејќи Формула 1 функционира на тој начин. Мора да се најдат нови идеи како да се добијат перформанси и тоа не е секогаш според правилата. Затоа има толку објаснувања.

Сигурен сум дека од наредната година ќе биде потешко, но тоа не треба да се исклучи. Се работи напорно да се затворат правилата и можеби ќе биде полесно наредната година.

Ќе видиме како ќе биде, Имаме добра поставеност за да ја постигнеме целта. Сигурно ќе најдеме перформанси кои ги немавме пред неколку месеци. 

Рос Браун посвети многу време на новите правила посебно со фактот што беа одложени за една година. Кеј верува дека ќе има помалку простор за искористување од тимовите. 

Ова се најтеменлните правила до сега. ФИА и Формула 1 работеа со нивните инженерски тимови да направат правила за да се направи одличен болид. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ