Во Муџело подготвени за трка доколку има потреба

Одговорнтие луѓе на автодромот Муџело, открија дека доколку Либерти Медиа сака и годинава трка на италијанскиот автодром, тие се целосно подготвени.

Патеката во Тоскана, сопственост на Ферари, редовно се користи за тест од страна на Скудерија, но лани ги пречека Формула 1 екипите и прв пат во својата историја оргнизираше Формула 1 трка за Големата награда на Тоскана.

Пандемијата целосно го промени ланскиот Формула 1 клендар и беше скроен нов од 17 трки, главно во Европа, а Муџело го одржа 9от настан во шампионатот. Иако ситуацијата гоинава е подобро и нема толку многу промени, сеуште се случуваат откажувања од првичниот план.

Австралиското Гранд При не ја отвори сезоната и ќе се одржи во Ноември, додека Канада беше откажана, а како резултат на тоа, Австрија ќе организира два настани, исто како и лани. Доколку се појават и други откажувања, Градоначалникот на Скарпериа, општината каде се наоша Мџело, Сан Пиеро Федерико Игнести, откри дека тие се подготвени за организација.

ние сме подготвени доколку либерти медиа сака соработка со автодромот и користењето на нашата инфраструктура и администрација. никого не одбиваме, мора да седнеме и да се договориме за се што ќе се случува – вели игнести.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ