Во својата 89 година од животот, Берни очекува принова

Берни Еклстон и неговата сопруга Фабиана очекуваат голема радост во текот на претсојното лето затоа што парот го очекува своето прво дете. Веста дојде ден по првиот ден од Април што значи дека не е само “априи-ли-ли“.

89-годишниот поранешен шеф на Формула 1 во моментов е во изолација на нивниот имот јужно од Сао Паоло во Бразил и се пресреќни за иднината што ги очекува.

по крајот на мојат кариера во формула 1 имавме доволно време да вежбаме со фабиана – на шега изјави берни кој со својата прва сопруга, савица, има три ќерки.

И покрај тешката ситуација поради пандемијата н акорона вирусот, господин Е се чини дека е секогаш расположен.

сакам само се да биде во ред со фабиана и покрај тоа што сме во случај на долга изолација. за среќа на нашиот имот секогаш има што да се прави, а фабиана се грижи за нејзината плантажа за кафе.

Парот ја офизијализираше својата врска во 2012 година во Швајцарија откако ги запознал заеднички пријател.

како и сите родители, нашата желба е детето да се роди здраво и право и се надеваме дека никогаш нема да сака да се плетка во формула 1 – се пошегува 46-годишната бразилка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ