Вурц незадоволен од Либерти поради планот за 23 трки

Александер Вурц ја нападна Формула 1 и нивниот план следната година да имплементираат многу долг календар во кој потенцијално ќе се возат 23 трки, а често ќе има и дводневен тркаки викенд.

Спортот испроба возење од само два денови на Имола во Сан Марино за време на Големата награда на Емилија Ромања минатиот викенд како подготовка за следната година во која се планирани рекордни 23 трки.

Австриецот и самиот е поранешен Формула 1 возач, а во моментов Претседател на Асоцијацијата на Гранд При возачи и тој ги обвини американците дека по секоја цена одат на проширување на календарот.

поради тоа што луѓето во формула 1 веќе се притиснати до самите граници и со 21 трка, се обидуваат да го скусат тркачкиот викенд. на пример, ако нема возење во петок , на шест трки, тоа ви дава шест денови да вметнете уште две трки во календарот.

формула 1 генерира пари на овој начин затоа што организатироте на трките се оние кои плаќаат, не самите патеки. се се врти околу пари – изјави вурц за австриски ORF.

Дополнително, Алекс откри и дека многу Формула 1 промотери ионака се мачат со профитабилноста и ситуацијата не е идеална за нив.

нив трката ќе ги чини исто, но овој пат ќе имаат само два дена да заработат пари преку продажба на влезници за настраните профитабилноста на патеките ќе се намали, но се чини дека на луберти тоа не им е важно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ