Вaулес не може да го разбере пензионирањето на Розберг

Четири години подоцна, главниот стратег на Мерцедес, Џејмс Воулес, сеуште се прашува зошто Нико Розберг наеднаш реши да се пензионира од спортот. 

Неколку дена откако ја освои титулата во 2016 година, Розберг го шокираше спортот со неговата најава дека се откажува од Формула 1. Ваулес верува дека Розберг можел да победи на уште многу трки и можеби да ја одбрани титулата. Тој се присетува на бизарниот момент кога бил повикан од Тото Волф. 

Тото не повика во канцеларијата и очекувавме да разговараме за пет работи. Но, тој ни рече дека Нико побарал да биде ослободен од договорот и да оди во пензија. ТОј сеуште можеше да победува на трки бидејќи имаше добар болид, Но изгледа имало повеќе лични причини. Тој постигна тоа што сака и тоа беше голем шок за нас. 

Иако многумина бараа да се врати, тој остана на одлуката да се повлече од тркачката серија. Сега германецо е “зелен инвеститор“ кој инвестира во обновливи технологии и електрични возила. Неговиот тим во Екстрим Е шампионатот победи на првата трка во Саудиска Арабија. 

Пред да ја започне последната трка тој веќе бил одлучен да се пензионира, но се прашувал дали ќе има сила да ја исполни одлуката. 

Пред трката во недела донесов одлука дека независно дали ќе победам или не, тоа ќе биде моја последна трка. Имав огромен приtисок. Тоа беше моја наинтензивна и најтешка трка во животot. Се прашував дали ќе можам да го направам тоа. Си го исполнив сонот и немав потреба да продолжам уште една година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ