Гасли: АлфаТаури може да биде на чело во средината на поредокот

Стариот возач на АлфаТаури и новито на Алпин, Пјер Гасли, верува дека неговиот поранешен тим може да биде најдобра екипа на средината од поредокот, односно 5та екипа претсојнава сезоната.

Французинот од 2017 година е во Торо Росо, беше една полусезона во Ред Бул, а потоа беше вратен во Фаенца, екипа за која има три подиуми и победа во Монца во 2020 година. 26-годишникот освоие поени 15 пати во 2021 година и заврши во топ 10 кај возачите, обезбедувајќи најдобар пласман за екипата во конструкторскиот поредок во историјата.

Сепак, 2022 година беше лоша за екипата откако освоија само 35 поени и финишираа на претпоследно место во поредокот. Следната година крај јапонецот Тсунода ќе вози холанѓанецот Ник де Врис во својата деби Формула 1 сезона.

имаат се што е потребно за да бидат на врвот од средината на поредокот како што бевме во 2021 година. тогш имавме болид за 5то место во шампионатот, тоа беше прва година за јуки во формула 1 и ако беше втора, ќе донесеше повеќе перформанси и ќе бевме подобри во поредокот. имаат голем поенцијал.

имаат луѓе, промената на провилата со ограниченото трошење и тестирање треба д им помогнат и поради тоа не гледам причина зошто алфатаури да не се бори во горниот дел од средината на поредокот – посочи французинот гасли.

Во врска со падот во формата и перформанси минатата сезона, французинот има објаснување:

по мое лично мислење, имавме дефицит во однос на ефикаснкоста. од аеродинамичка гледна точка, возевме со премногу отпор во однос на потисната сила која болидот ја генерира, тоа влијаеше над се останато.

болидот лизгаше, гумите повеќе се прегреваа и трошеа и тогаш уште повеќе лизгавме и имавме трошење поврзано со топлината. мал чекор во потисната сила ќе имаше големо влијание над перформансите.

мислам дека болидот имаше потенцијал, но имавме проблем и со тежината од почетокот на сезоната поради што губевме неколку десетинки и не успеавме да го олесниме болидот. ако ги надоместевме тие неколку десетинки од почетокот на сезоната, ќе бевме на врвот од средината на поредокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ