Гасли бара одговори по разочарувачкиот викенд

Пјер Гасли вели дека тој и АлфаТаури мора да го разберат подобро надградениот АТ03 болид, додавајќи дека му недостигале перформанси на трката за Големата Награда на Франција.

Гасли покажа охрабрувачка брзина на петочните тренинзи со подобрениот болид, но беше елиминиран во првиот квалификациски на домашен терен во саботата. Французинот се бореше во средниот ред, но на крајот заврши надвор од топ 10, продолжувајќи ја низата трки без поени.

Се обидовме да се бориме за да се вратиме во бодовите и се што успеавме е 12то место, што очигледно не се перформансите што ги сакаме.

Навивачите и гледачите придонесоа кон посебен викенд, но јас сум крајно разочаран од настапот што го прикажавме.

Да знаев што е проблемот, можевме да реагираме, но имаше многу лизгање наоколу и недостаток на грип, особено во свиоците со голема брзина. Пробав сè што можев во болидот да притискам, менувајќи линии, но ништо не кликаше.

Очигледно, не сакам да избрзувам со какви било заклучоци, но врз основа на темпото што го имавме, треба да го прегледаме за да разбереме зошто петокот помина толку добро, а потоа се претвори во борба со болидот.

Завршивме само 3 секунди зад 10то место, така што не сме многу далеку. Сега е важно да се обидеме да го разбереме овој нов пакет. Ќе биде потребно извесно време, но е прилично тесно во средниот ред, па мораме да ги најдеме решенијата што побрзо – изјави гасли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ