Гасли: Бев немоќен по сударот со Окон

Пјер Гасли од АлфаТаури откри дека неговот Шпанско Гранд При било уништено по сударот од првиот круг со Естебан Окон, по што станал лесна цел за сите до крајот од трката.

Кусо по стартот тој имал контакт со задното десно тркало со својот сонародник Окон, по што вели дека се уништил балансот на неговиот болид и било невозмжоно да се брани од никој. Подоцна, при еден дуел со Ленс Строл, дојде до контакт по што Пјер на крајот од трката заработи и дополнителни 5 секунди на своето време и заврши 13ти.

виновен сум за сударот. ако сметат дека беше за 5 секунди казна, така е, го почитувам тоа.

по контактот од првиот круг имав штета, а потоа бев само лесен плен за сите цела трка. се обидов се што можам од болидот, се обидов да се тркам жестоко, но не можев да се бранам.

со такво жестокот тркање додје и до малито контакт со строл по кој тој се изврте, а јас добив казна која ја почитувам – свесен е гасли.

Во врска со првичниот контакт со својот сонародник, тој изјави:

имав мал контат, мислам дека три болиди паралелно одевме во првата кривина и немаше место. контактот ми го оштети подог, а потоа многу лизгав низ патеката, губев стабилност, гумите прегреваа при големи брзини и сетоа тоа влиаеше на мојот ритам.

Неговиот викенд ионака беше уништен поради проблемите со издувот и пожарот кој се појави поради тоа така што не возеше во Сабота наутро, но се надева дека лошата среќа ќе го заобиколи во Монако.

фрустрирачки е затоа што на секоја трка кога мислиме дека почнуваме да стануваме добри, нешто се случува против нас. не можеме да комплетираме викенд без грешка дури ни со силни перформанси кои понекогаш ги имаме.

сакам да се вратам на патеката и да се обидам да имам силен викенд, целиме на тоа. за жал во шпанија т3 во сабота ни уништи се како и останатите пролеми.

но, сето тоа е дел од спортот, не е секогаш идеално. во моментов има многу пречки за нас, но ние не сме тим кој ќе се откажа, туку ќе работи и ќе се врати посилен следниот викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ