Гасли демантира дека размислува за напуштање на Ред Бул

Медиумите пренесоа дека Пјер Гасли преговара со Рено и сака да вози крај Фернандо Алонсо следната сезона, но возачот изјави дека не знае и не размислува за никакви опции надвор од Ред Бул и дека нешто такво зависи само од Хелмут Марко.

Тој влезе во Формула 1 како производ на Академијата на Ред Бул во 2018 година и една сезона подоцна прерано беше промовиран во Ред Бул од Торо Росо, но по 12 трки не го покажа очекуваното и беше вратен во јуниорската екипа во Фаенца. Една година подоцна, тој е одличен со помалиот тим, стигна до подиум во Бразил лани и до победа на Монца сезонава.

Во моментов французинот е на 10то место во поредокот со 53 освоени поени, само 11 помалку од Александер Албон кој има очигледно далеку посилен болид, но Ред Бул многу често инсистираат дека британецот со тајландско потекло ќе остане дел од екипата. Поради ова, медиумите почнаа да шпекулираат дека Гасли веќе почнал да разговара со Рено за превземање на местото на неговиот сонародник, слабиот годинава Естебан Окон.

хелмут марко и дитрих матешич не менаџираат нас возачите на ред бул. не знам кои се нивните опции надвор од оваа програма, но јас не сум вклучен во никакви преговори и затоа не можам да коментирам ништо – изјави гасли за Motorsport-Magazin.com

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ