Гасли доби нов мотор и ќе тргне од боксот

Пјер Гасли ќе ја почне денешната трка од боксот откако АлфаТаури се одлучиле да променат нов мотор во неговиот болид.

Французинот се квалификуваше на 6то место во Петок, но поради контакт го оштети предното крило на почетокот од спринт квалификациите и завшри во оградата на Курва Гранде. Поради тоа што ионака треба да тргне како последен, тимот од Фаенца се одлучи да земе нов мотор за него.

Џо Бауер, техничкиот делегат на ФИА потврди дека Гасли добил нов мотор со внатрешно согорување, турбо полнач, два делови од Системот за повраток на енергијата (МГУ-К и МГУ-Х), контролна електроника како и батерија за складирање на енергијата. Дополнително, тој добил и нов менувач, што по дефиниција носи старт од последно место.

Хонда вградиле поинаква спецификација од батеријата за складирање на енергијата, што бара старт од боксот.

АлфаТаури е единствена екиап која освои поени на секоја одработена трка сезонава, но со денешниот стартен пласман таа серија може да заврши.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ