Гасли е задоволен од пречекот во Алпин

Пјер Гасли за прв пат во својата Ф1 кариера го напушти Ред Бул и премина во Алпин. 

Тој изјави дека е задоволен од тестот со новиот тим.

Французинот имаше шанса да го проба болидот на Алпин на постсезонскиот тест во Абу Даби и призна дека имал пријатно искуство. 

Мислам дека беше подобро од тоа што очекував. Бев во иста околина пет години. Ова е огромно иксуство за мене во новиот тим со врвни инженери во гаражата. Начинот на кој работат е импресивен но сеуште не сум бил во Енстон да ја видам фабриката. 

Гасли е задоволен и од пречекот во тимот. 

Начинот на кој ме пречекаа беше одличен. Имаше добра организација и мислам дека ветува за иднината. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ