Гасли задоволен: Баку ни одговара

Пјер Гасли смета дека карактеристиките на уличната патека низ Баку која бара ниска потисна сила му одговараат на болидот на АлфаТаури и го ставаат во позиција да се бори за одличен пласман во Недела.

Французинот имаше силни први тренинг сесии во Петок, а вториот тренинг го завшри на 6то место, зад Ферарито на Карлос Саинз. Слично, Гасли многу се надеваше и од трката во Монако по одличните тренинг сесии, но имаше проблем на квалификациите, стартуваше од позадина и си го уништи викендот.

патеката ни одговара затоа што имаме ниска потисна сила и во ниту еден момент годинава не најдовме сетирање со многу потисна сила кое би одговарало на многу кривини. штом доаѓаме на патеки кои имаат бавни кривини, помал отпор и повеќе механички грип, тогаш башиот болид се однесува многу подобро.

доаѓајќи во баку викендов бевме поголеми оптимисти, особено по она што го видовме во вториот сектор во монако со кривини слични како овие во азербејџан кога бевме добри. викендов одлично го почнавме – задоволен е гасли.

Пјер беше зачуден од брзината на Фернандо Алонсо од Алпин кои постави 4то најбрзо време, но верува дека АлфаТаури има шанса против Мекларен и против Мерцедес.

мислам дека сме конкурентни, не сме сами, имаме многу екипи против нас, импресионриан сум од алонсо, од неговата брзина на правците. тој е во комбинација за одличен пласман, мерцедес се исто така, ландо на квалификациите ќе бидат силен. мислам дека сме во конкуренција со неколку болиди за одличен пласман – посочи францускиот возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ