Гасли за борбата со Хамилтон во совршениот викенд

Откако стигна до петтата позиција во Азербејџан, Пјер Гасли смета дека не можел да го задржи Луис Хамилтон зад себе при крајот на трката. 

Возачот на Алфа Таури го донесе најдобриот резултат за тимот оваа сезона на трка со едно застанување и долга серија на хард гуми. По трката, Гасли изјави дека борбата со Мерцедес покажала дека тие се достојни за борба. 

Имав совршен викенд и се беше навремено. По стартот на годината мислев дека немаме среќа и има многу инциденти. Овој викенд немавме грешки и беше најдобар до сега, 6та позиција на квалификации и 5та на трка. Се боревме со Мерцедес и тоа е доказ дека можеме да напредуваме и добро си ја вршиме работата – објасни французинот.

Откако менуваше на медиум гуми под виртуелно безбедносно возило, Гасли извозе 40 кругови на хард до крајот на трката. Тој беше на четврта позиција кога се појави второто виртуелно безбедносно возило кога се појавија различни стратегии меѓу тимовите. 

Се обидов да бидам побрз на новите гуми. Порано менував и морав да извозам 41 круг. Последното виртуелно безбедносно возило не ни беше од корист, но немав избор. Беше тешко бидејќи сите беа на нови гуми, но дадов од себе. Разликата беше премногу голема. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ