Гасли и Окон се извиниле на тимот

Тимскиот шеф на Алпин, американецот Отмар Шафнауер, откри дека неговите двајц возачи, Пјер Гасли и Естебан Окон, се извиниле до тимот поради сударот на вториот рестарт во Австралија со кој меѓусебно се елминираа од трката.

Контролата на трка разви црвено знаме по сударот на Кевин Магнусен по кој останаа многу делови на патеката, така што следуваше старт од гридот и два летечки кругови до крајот на трката. Но, двата болиди на Алпин се судрија после 2та кривина откако Гасли излета претходно надвор од патеката и се приклучуваше по вториот свиок, но не го виде колегата десно од себе. Сударот беше огромно разочаарување за тимот затоа што двајцата се возеа во поени.

се извинија еден до друг за својата грешка и се извинија на тимот. беше хаос на тој старт, пјер отиде широко на првата кривина, но многу луѓе го направија тоа и потоа се приклучуваше на патеката.

во исто време, естебан го следеше тсунода на тркачката линија, а пјер не го виде и едноставно влета во него. несреќна ситуација затоа што бевме на прагот на силни поени кои ги заслуживме, ојер ќе беше 5ти, зад саинз кого го следеше голем дел од трката.

кога му кажавме да притиска и да го држи ритамот на карлос саинз пред него, можеше да го направи тоа, не беше толку брз како карлос, но не му даваше да се одлепи и да направи предност. исто така, успеа да остане пред ленс строл и да не загуби позиција од него, така што очигледно е дека ритамот ни бешд одличен – посочи шафнауер.

Стјуардите го анализираа инцидентот по крајот на трката и заклучија дека се работи за тркачки инцидент без вина кај никој, што беше клчно затоа што казненаи поени на лиценцата на Гасли ќе значи суспензија на една трка. И покрај разочарувачката трка за тимот, ШАфнауер вели дека никој возач не е виновен.

штета што се судрија затоа што ќе освоевме одлични поени. сметам дека никој не е виновен затоа што никој не погреши и треба да научиме од оваа ситуација затоа што имаше голем хаос на тој рестарт и требаше да се донесат брзи одлуки.

ако ја видите снимката од болидот на естебан, тсунода пред него го мина хаосот и тој се обиде да го стори истото. никој не знаеше пјер каде е оди, тој се обиде да се врати на тркачката линија, не дека гледаше во ретровизорите и сакаше да блокира да не биде престигнат.

Во моментов француската фабричка екипа е на 6то место кај констуркторите, но загуби позиција од Мекларен на кои буквално им подарија двојни поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ