Гасли најави тежок Силверстон за АлфаТаури

Французинот Пјер Гасли најави дека АлфаТаури ќе имаат тежок тркачки викенд на Силверстон пред себе поради ограничувањата на АТ03 болидот.

Тимот најголем дел од оваа сезона го мина во средината на поредокот, но во долниот дел иако на моменти имаа блесоци. Минатите 6 трки Пјер само еднаш заврши во поени и тоа низ улицит на Баку кога беше 5ти.

треба да решиме како ќе продожлиме затоа што мора да се биде искрен кога се проенува боидот, а ние знаеме дека ни недостасува аеродинамика и мора да се носиме со тоа викендов пред нас.

ќе дадеме се од себе, ќе направиме се што можеме да извадиме максимум од пакетот кој во моментов го имаме додека ги чекаме новините кои наскоро треба да пристинат.

засега сме подготвени да искористиме било каква можност која ќе ни се укаже дури и теоретска. сепак, свесни сме дека силверстон ќе биде тежок за нас – посочи галси.

Новина од последната трка е фактот што тимот и формално и официјално потврди дека Гасли останува кај нив и следната година.

знаеме дека можеме да бидеме силни заедно и убеден сум дека ќе продолжиме да работиме силно во остатокот на сезоната, добро да се развиеме затоа што не гледам причина зошто тоа да не биде така и зошто да немаме уште подобра следна година.

лично мене ми е цел да му помогнам на тимот да дојде до врвот. споредено со тоа каде бевме во 2017 година кога дојдов во екипата, сега имаме многу поголемо искуство, подобро се разбираме и работиме.

имам голема амбиција за себе и секогаш сум давал максимум за најдобар можен резултат, така ќе продолжам и до крајот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ