Гасли на само два поени од забрана за трка

Пјер Гасли го делат само два поени од забрана за учество на една Формула 1 трка откако на Мексиканското Гранд При го истурка Ленс Строл, доби пет секунди и еден казнен поен.

Двајцата паралелно минуваа низ 4та кривина во борба за позиција, а Гасли го имаше внатрешниот дел, го истурка Астон Мартин болидот, а и самиот излезе надвор од патеката. Стјуардите веднаш го истражија инцидентот и му дадоа казна од пет секунди и казнен поен на лиценцата така што во минатите 12 месеци има вкупно 10.

гасли го мина строл во 4та кривина, но на начин на кој ги закочи тркалата, ја напушти патеката и претекнувањето беше целосно надвор од означениот дел – посочија стјуардите.

Возач кој ќе заработи 12 казнени поени во текот на 12 месеци добива забрана за учество на една трка. Гасли доби два поени на Американското Гранд При пред една недела, а имаше и два на претходниот настан во Јапонија, додека останатите ги заработи во Шпанија и Австрија во првиот дел од сезоната, така што до 23 Мај следната година нема бришење на поени кај него.

Возач никогаш до сега, откако е воведено ова правило, не пропуштил трка поради 12 казнени поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ