Гасли не сака да избрзува со критики за овогодинешните трки

Овогодинешните трки редовно се критикувани поради недостатокот на претекнување, но Пјер Гасли сака да почека за да суди соодветно.

Ред Бул доминира на врвот од поредокот и е недостижен за останатие, но она што загрижува е тешкотијата со која се доаѓа до позиција за претекнување на трките, делумно и поради насоката на ФИА да ги скратува ДРС зоните споредено со лани. Гасли се бори на средина од поредокот и откри дека не обрнува многу внимание на резултатите во поредокот, иако смета дека на квалитетот на тркање треба да му се даде повеќе време.

ако одите во кино и по 15 минути филмот испадне дека е за никаде, а следните 90 минути е феноментален, мислам дека не е фер да судите дека бил здодевен. треба да се даде повеќе време, иако јас не обрнувам многу внимание на борбата на врвот од поредокот затоа што не сум таму.

во средината сме отприлика на 4то или 5то место, можеби и 6то по брзината на болидот, тесно е и секој викенд се намалуваат разлиите. никој нема можност да се олабави затоа што борбата е жесток во моментов.

астон, ферари и мерцедес ќе почне да носат новини и потоа можеби распоредот на силите ќе се смени, така што треба да дадеме повеќе време за да судиме.

лично јас сум повеќе фокусиран на нашит борби и она што се случува во средината – посочи гасли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ