Гасли: Ни треба големо ресетирање

Пјер Гасли смета дека планираните новини во АлфаТаури не може доволно брзо да бидат испорачани откако во Австрија ја имаа дефинитивно најлшата трка годинава.

Ред Бул Ринг беше трка за заборав за францускиот возач откак доби две казни од по пет секунди, првата за предизвикување на судар со Себастијан Фетел, а втора за прекумерно прекршување на границите на патеката.

И Тсунода имаше очајна трка така што заедно со колегата се согласија дека Гранд При викендот им бил најтежок годинава и дека имале најбавен болид споредено со конкуренцијата, така што новинеит се неопходни и тоа час поскоро.

можеме да заборавиме се во врска со овој викенд затоа што сме пеколно бавни. веројатно во моментов го имаме најбавниот болид и навистина е штта што се бориме за последно место, така што ни треба големо ресетирање и колку што е можно побрзо новини на болидот.

веќе некое време немаме нови делови на трка, а тоа почнуваме да го чувствуваме. секако дека трката не е за уживање и навистина се надевам дека тимот ќе испорача подобрувања многу брзо – посака гасли.

Гасли и Фетел беа еден крај друг на 4та кривина од патеката борејќи се за позиија кога имаа контакт и четирикратниот првак се изврте откако Гасли го допре неговото тркало. Сличен инцидент имаа и Перез и Расел во првиот круг.

сеуште не сум ја видел снимката, а добив пет секунди казна, така што логично е дека сум бил виновен за сударот. се обидов да се борам колку што можам повеќе, но таа кривина никогаш не е лесна.

ни треба големо ресетирање и имаме две недели да размислиме како на следната трка и да разбереме зошто сме толку бавни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ