Гасли очекувал разновидност со новите правила

Пјер Гасли, младиот французин од АлфаТаури, јавно го сподели своето разочарување од тоа колку подиумите беа предвидливи оваа година и покрај промената на регулативата што беа воведени за да се зголеми конкурентноста.

Не земајќи ги во предвид резултатите на првите три тима во сезоната, Ред Бул, Ферари и Мерцедес, Ландо Норис од Мекларен е единствениот возач што стапнал на подиумот оваа сезона. Ова е спротивно на сезоната во 2021 година каде осум различни тимови успеаја да обезбедат барем еден подиум во текот на целата сезона.

На прашање за неговото мислење за тоа колку се успешни новите регулативи оваа сезона, французинот одговори:

Мислам дека во однос на трките, видовме повеќе претекнувања. Во однос на возењето, се чини дека ни е полесно да се следиме на некои патеки.

Дефинитивно од таа гледна точка, мислам дека тие го подобрија спортот. Од друга страна, гледајќи ги сите подиуми оваа година, само Ландо успеа еднаш да се пласира на подиумот освен возачите во првите три екипи.

Лично, се надевав дека ќе видиме малку поголема разновидност во завршниот редослед, како на челните позиции, а можеби и повеќе тимови од средниот ред да добијат шанса да се борат за подиуми.

Ова може да се објасни со тоа што Ферари стана фаворит во 2022 година, наспроти тоа што беше тим од средниот ред во претходната година. Во 2021 година, само Ред Бул и Мерцедес постојано се бореа за победи на трките, а тимовите од средниот ред повремено стигнаа на подиум, во некои случаи и до победа.

Се надевам дека ова е нешто што може да се подобри во текот на следните неколку години и да го доближат возачите, да има повеќе тимови кои се борат за подиуми –  додаде Гасли.

Секогаш ќе имате еден или два доминантни тима, но барем се надевам дека ќе има празнини кои ќе овозможат можности средниот ред да биде во конкуренција за подиуми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ