Гасли: Перез е одличен за Ред Бул

Пјер Гасли вели дека целосно ја разбира одлуката на Ред Бул да го задражт Серхио ПЕрез и следните две години, а неговата иднина е во рацете на неговите шефови од тимот.

Французинот е дел од програмата на Ред Бул од 2014 година, три години пред да влезе во врвната тркачка серија преку Торо Росо, а половина од 2019 година мина и во Ред Бул. Од средина на таа година беше вратен во АлфаТаури, но откако Ред Бул официјално потврдија дека Чеко останува кај нив до крајот на 2024 година, вратата во Милтон Кинс за него е затворена.

она што можам да го кажам по мене е дека изборот на ред бул е логичен, не е изненадување затоа што јас сум многу објективен. врз основа на тоа што го очекуваат од втор возач, перез се вклопува во се, прави одлична работа годинава, многу е брз на сите сесии, има финансиска поддршка со себе, искусен е и одлично се вклопи во екипата.

од друга страна е она што тоа го прави на мојата кариера и мојата амбиција која ја имам што очигледно влијае над екипата и тоа во моментов го разговараме со хелмут за да решиме што е најдобро за двете страни и како понатаму – посочи гасли.

Возачот верува дека долгогодишната соработка која ја има со Ред Бул ќе му помогне во разговорите и договорите со екипата.

јасно е дека во моментов сум посветен на алфатаури и секогаш давам се од себе за екипата иако минуваме низ тежок период затоа што не сме конкурентни сезонава како што сакавме да бидеме.

лани се квалификувавме на 6то место и стартувавме често крај шарл леклер и сега сме зачудено што се може да се промени за една година затоа што шарл се бори за титула, а ние едвај за топ 10. тешко време е, но во исто време и голем предизвик да го притиснеме тимот.

очигледно е дека и јас имам свои амбиции, а тоа е многу повеќе од борба за топ 10, не работам секој ден за тоа, сакам повеќе, сакам да се борам за врвот, но приоритет број еден во моментов ми се алфатаури.

ќе разговарам со хелмут што е најдобро за сите и што ќе направиме по 10 години соработка, ме знаат од детеи знаат што точно ми треба и сакам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ