Гасли песимист: Следните неколку трки ќе бидат многу тешки за нас

Пјер Гасли е задоволен што успеа да спаси поен од Португалското Гранд При, за кое знаеше дека не му одговара на болидот на АлфаТаури.

Болидот на АлфаТаури “сака“ патеки со мала потисна сила, брзи автодроми како Монца, каде французинот победи лани, така што почнувајќи од Барселона, следуваат патеки кои не одговараат на карактеристиките на болидот од Фаенца.

Откако во последните кругови од трката го мина Карлос Саинз од Ферари, Пјер успеа да дојде до поен преку 10то место.

беше тешка трка за нас, но така и очекувавме, знаевме дека ќе биде интензивна борба. бев среќен на стартот што успевав да држам чекор со шарл леклер и естебан окон како и останатите околу мене, но немавме брзина на патеката. на крајот знам дека дојдов до поен, но среќен сум што го минав карлос за топ 10. очигледно, патека која не ни одговара – појасни гасли.

Запрашан дали перформансите биле поради природата на патеката или пак имало други проблеми, возачот на АлфаТаури изјави:

проблемите се до патеката. знаевме дека ќе биде тешко и поради тоа пробавме многу работи во текот на викендот за болидот да работи како што треба, но со ништо не успеавме.

трката покажа дека има области каде мораме да се подобриме, области кои ги забележавме на почетокот на годината, но сега имаме појасна слика каде треба да ги позиционираме перформансите затоа што монако и баку ќе бидат тешки патеки за нас. имаме доста работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ