Гасли: Повеќе возачи може да бидат казнети доколку нема промени

Пјер Гасли е единствениот возач кој е близу до казна од забрана за возење на една трка но тој смета дека повеќе возачи би можеле да се најдата во неговата позиција. 

Французинот има 10 поени и доколку освои уште два ќе пропушти една трка. 

Се трудам да не мислам на себе дека сум лош или опасен возач. Се обидувам да се справам со тоа. Но пристапот не ми е променет. Би било штета да се најдеме во позиција повеќе возачи да пропуштат трка. 

Гасли смета дека со должината на календарот наредната сезона ќе има многу шанси да добие нови пеони со кои би добил казна. 

Цело време зборуваме за тоа. Има некои возачи на кои им недостасуваат четири поени но со толку трки лесно ќе дојдат до нив. Верувам дека ФИА ќе најде решение за ова кое ќе биде фер за сите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ