Гасли: Подобро е отколку што очекував

Пјер Гасли ќе стартува од шестата позиција на гридот во Азербејџан што за него е најдобар квслификациски резултат оваа сезона. 

Како и во Монако, тој покажа брзина на тренинзите и на квалификациите. 

Покажавме голема брзина како и во Монако, но не бевме добри на квалификациите. Тоа е важно и денес успеавме. Ги разделивме Мерцедес и тоа е добра позиција за трка – посочи французинот од алфатаури.

Минатата година Гасли успеа да избегне инциденти и да стигне до подиум. Тој смета дека тоа е повторно можно доколку има среќа. 

Се може да се случи во Баку. Лесно е да се направи грешка и ќе гледаме многу црвени знамиња, но мора да профитираме од тоа.

Имам еден сет најтврди гуми за разлика од другите тимови што имаат два сета, но среќен сум со перформансите и очекувам добра стратегија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ