Гасли: Правилата не ја намалија разликата

Пјер Гасли е разочаран што новите правила не ја намалиле разликата со големите тимови и дека возачите во моментов се борат за седма позиција кај конструкторите

Со новите технички правила се очекуваше да се намали разликата помеѓу големите и малите тимови и да се направи поголема конкурентност, но сепак, Ферари и Ред Бул се класа за себе и зад нив е Мерцедес кој има доста проблеми. Тие три екипи се значително пред останатите. 

Мислам дека претходно можевме да гледаме во четврт најбрз тим бидејќи топ 3 е друг свет. Минатата година беше поинтересно бидејќи можевме да сме побрзи од Ферари и Ред Бул, а  понекогаш и од Мерцедесс. Но сега тие се лига за себе и Тоа е голем чекор. оваа година само Ботас може понекогаш да ги предизвика, Но тажно е што се бориме за седма позиција – незадоволен е францускиот возач.

Предноста на големите тимови нема туку-така да исчезне бидејќи правилата се променети и има лимитиран буџет, но Гасли се надева дека со тек на време ќе се промени. 

Мислам дека Ферари и Ред Бул се друга лига и не може да се квалификуваме во топ 6. Само доколку направат грешка може да се случи тоа. Се надевавме на правилата дека ќе се промени тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ