Гасли призна: Во моментов грешките премногу не чинат

Пјер Гасли откри дека грешките во моментов премногу го чинат тимот откако стратешка грешка на вчерашните квалификации во Монако им донесе испаѓање во првиот квалификациски сегмент.

Гранцузинот беше во топ 10 на сите три тренинг сесии, а на утринската во Сабота постави дури одлично 5то време, но кога беше најпотребно се квалификуваше 17ти.

Црвеното знаме развеано на две минути пред крајот на првите 18 минути донесе борба за летечки круг во последниот дел од сесијата, но Пјер беше вратен на патеката многу назад на гридот, мораше да ги почека останатите да почнат свој круг и поради тоа не успеа да стигне на време за свој нов обид. Французинот остана фрустриран по сесијата и објасни дека е многу разочаран и не може да опише како се чувствува.

целиот викенд беше одличен, бев 5ти во сабота наутро, бев 6ти во петок, така што секогаш кога излегував на патеката се чувсвував супер и ми беше удобно со времињата кои ги одработутвав. не разбирам како некои од работите што ги избираме ни носат толку проблеми. 

се работеше за мешавина од повеќе работи, но на крајот на денот, условите беа исти за сите. немавме силно време, а грешките многу не чинат и поради тоа сум разочаран за сите во тимот – посочи гасли.

Пропустот во Монако беше последен од низата грешки кои го следат французинот од почетокот на сезоната поради што има освоено само четири поени, најмногу поради грешки и лоша среќа. Кон крајот на сесијата тој го следеше блиску својот колега и откри дека се обидел да биде колку што може поблиску до него без буквално да се залепи до болидот.

има многу работи кои треба да ги ревидираме и мислам дека заклуокот е дека во моментов не сме доволно добри. имаме болид за 5то и 6то место, но не разбираме зошто не сме константно во таа позиција. мораме да бидеме подобри и поради тоа су разочаран.

не работиме добро во моментов, тоа е јасно и го знаат сите во тимот, иако сите се трудие, сите даваме се од себе, но ете.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ