Гасли сака одлична трка во Франција, можеби и последна домашна

Пјер Гасли сака да ужива на домашната трка во Франција иако не се знае дали таа ќе остане на календарот од наредната година. 

Договорот на Пол Рикар за Француското Гранд При истекува на крајот на оваа сезона. За наредната година се очекуваат нови трки како враќањето на  Катар и премиерата во Лас Вегас. Тука е и Јужна Африка за која сеуште нема договор, а најзагрозени од дебитантите се Франција и Белгија. 

Ова е посебен викенд бидејќи ми е домашна трка за која не се знае во иднина дали ќе остане на календарот. Сакам да уживам во овој момент со моите фанови и подржувачи.

Има организирано посебна Гасли трибина кај шиканата. Би било убаво да се направи нешто слично и различно од вообичаеното. Ќе има добра атмосфера и се надевам на добар резултат – посочи младиот французин од алфатаури.

Гасли имаше тешка трка во Австрија но се надева на надградби со кои ги имал подобри перформанси. 

Австрија беше викенд за заборав, но со нетрпение чекам да се вратам на пол рикар. Спринт трките никогаш не биле добри за нас, Но секогаш гледам напред и се надвам на подобро. Надградбите се за аеродинамиката и сакаме чекор напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ