Гасли свесен за големиот предизвик од Тексас

Пјер Гасли, возачот на АлфаТаури, верува дека актуелната генерација Формула 1 болиди ќе бидат пред значителен предизвик на брзата Патека на Америките во Тексас.

Годинава се воведоа целосно нови болиди, а возачие се жалеа на тврдината на истите, особено неудобна при тркање на нерамни патеки. Патеката во Остин доби нов асфалт на почетокот на годинава, но Гасли и покрај тоа очекува многу голем предизвик.

јас навистина многу уживам во самата патека, првиот сектр е претерано брз и бара одличен ритам. треба да бидете многу прецизен и точен во линијата на минување затоа што една кривина многу влијае врз минување низ следната. поради сето тоа, патеката е многу техничка.

секогаш било нерамно, а со овие болиди од последна генерација тоа ќе биде голем проблем затоа што се многу тврди и предизвикот ќе биде голем за сите иако новиот асфалт на некои сектори поставен годинава може да ја подобри ситуацијата – смета пјер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ