Гасли: Сезоната беше далеку од очекувањата

Пјер Гасли смета дека годинава за АлфаТаури била далеку од очекувањата што е и јасно ако се земе во предвид дека малиот тим од Фаенца назадуваше на 9то место во конструкторскиот шампионат.

Французинот ги предводеше АлфаТаури во најдобрата сезона, минатата година, кога екипата освои 142 поени на патот кон 6то место во поредокот. Но, сезонава екипата се мачеше да се прилагоди на новите правила и “падна“ на претпоследно место во поредокот со освоени саом 35 поени.

Пјер објасни дека е тешко да се квантифицира колку напредок е направен во една толку тешка сезона, но посочи дека било доста сложено да се искористи потенцијалот на АТ03 пакетот.

од моја гледна точка и тоа што можев да го почувствувам, работевме напорно и се обидовме да го максимизираме потенцијалот на болидот. не беше лесно да се задржи мотивацијата помеѓу инженерите во една така тешка сезона, но тие се обидоа да останат фокусирани и да ги минимизираат грешките.

по една одлична 2021 година, имавме огромни очекувања од сезонава, но бевме многу далеку од очекувањата и од она на што се надевавме – посочи новито возач на алпин.

Годинава беше втора во кариерата на Пјер која ја завршува без подиум зад своето име, а најдобар пласман му беше 5то место низ улиците на Баку. Но, тој направи трансфер во француски Алпин по долги години минати во Ред Бул семејството.

на некој начин, веројатно ова беше најтешка моја сезона во алфатаури ако се земе во предвид искуството кое го имавме и претходниот успех. годинава имавме многу голема промена на правилата и за жал ние не успеавме да искористиме ништо од тоа. секако дека имаша тешки моменти и фер е да се каже дека останатите завршиј подобра работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ