Гасли: Сеуште не сме ги покажале вистинските перформанси

Пјер Гасли смета дека АТ03 болидот на АлфаТаури треба да биде добар на Азербејџанското Гранд При, а тимот има една цел, да се врати во ритам по лошата низа резултати.

АлфАтаури во моментов е на лошото 7мо место во констуркторскиот поредок со само 17 освоени поени откако последните три Гранд При викенди имаат само еден топ 10 пласман. Гасли нема поен од Австралија, трка која се возеше во Април и покажа силен ритам на тренинзите во Монако, но кога беше најпотребно, на квалификациите во Сабота, беше елиминиран уште во првиот сегмент.

како екипа знаеме дека треба да работиме напорно за да испорачаме на највисокот ниво на трките кои следуваат. знаеме дека нивото на перформанси го имаме и треба само да притискаме иако до сега оваа година немаме голем успех.

имаше знаци кои ни покажаа дека имаме шанса за многу добри работи, а среќата можеби ќе биде на наша страна од овој викенд во баку – посочи гасли.

Лани французинот стигна до изненадувачки подиум низ улиците на Баку со финиш на 3то место, така што е оптимист за трката која следува.

имам добро чувство за оваа трка затоа што бак има многу бавни кривини кои се добри за нас, ние се мачиме на летечки свиоци, така што сметам дека карактеристиките на патеката ќе ни одговараат.

не смееме да заборавиме дека патеката го има најдолгиот правец во календарот и мораме да видиме како ќе се справиме во тоа. се на се јас сум оптимист дека ќе имме добра трка, лани бев одличен и завршив на подиум откако се квалификував на 4то место и беше одлична трка за мене и тимот, а и јуки донесе поени со 7мо место. доаѓаме во баку да го браниме тој резултат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ