Гасли: Со сите промени, ова беше моја најтешка сезона

Пјер Гасли вели дека во иднина ќе биде посилен по најтешката сезона во неговата кариера, во која стартуваше со Ред Бул, се врати во Торо Росо, а во исто време загуби и многу близок пријател.

Гасли се приклучи на Ред Бул како замена за Даниел Рикардо, но се мачеше со своите перформанси и резултати во првата половина од сезоната, а во средината на истата беше испратен во Торо Росо.

На првата трка назад во Торо Росо, во Белгија, тој беше погоден со прераната смрт на блискиот пријател, Антоан Хубер, во трката од Формула 2 првенството. Гасли стигна до пет пласмани во поени од 9 трки со екипата, вклучително и шокантниот подиум на Бразилското Гранд При, преку финишот на 2ро место.

Да, дефинитивно беше моја најтешка сезона. Седев со пријатели и тие ми велеа дека мојата сезона била како во Холивудски филм, филм кој мислите дека не е вистинит, имаше премногу работи кои се случија за да бидат вистинити.

Така и се чувствувам. Поминав низ толку многу емоции и чувства, од фрустрации до гнев, до еден од најтажните моменти во мојот живот во Спа со Антоан, а потоа еден од моите најсреќни моменти со првиот подиум во Формула 1.

Беше како луда железница, но во исто време научив многу од овие ситуации на лично ниво, но и како возач.

По Унгарското Гранд При, на Гасли му беше соопштено дека неговото место е безбедно до крајот на 2019 година, но 8 дена подоцна Ред Бул се предомислија и го испратија во Торо Росо.

Кога ја добив веста, бев навистина шокиран и на некој начин гневен. Не сметав дека е фер, бидејќи првите шест месеци не покажавме што можеме. Бев гневен, но во исто време го претворив сето тоа во позитивна енергија. Имаше многу работи кои не одеа во правилна насока. На крајот на денот, тоа беше ситуацијата, беше завршено, бев префрлен и не можев да го променам тоа.

Си помислив дека имам 9 трки во кои треба да ги покажам моите способности, мојата брзина, мојата постојаност, работи кои ги покажував откако започнав во едноседи се додека не се придружив на Ред Бул.

Бев брз во секоја сезона со секој болид во секоја различна категорија, а овие шест месеци беа единствени во мојата кариера кои не тргнаа во правилна насока. Одеднаш, сите прашуваа, дали знам кога да сопрам, дали знам кога да свртам и сите такви смешни коментари.

Си реков, ќе работам посилно и ќе докажам на овие 9 трки дека можам да бидам на силно ниво без да променам нешто – вели Гасли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ