Гасли ја потенцира важноста на Шпанија

Формула 1 се враќа во Европа, а Пјер Гасли признава дека трката за Големата награда на Шпанија е клучен викенд за борбата на АлфаТаури. 

Сестринскиот тим на Ред Бул е на седма позиција кај конструкторите со 16 поени и еден поен предност пред Хаас. 

Сега доаѓаме во Барселона каде во 2020 година бевме 9ти, а минатата година бевме 10ти. Ова е секогаш важен викенд за нас бидејќи има појасна слика за перформансите на повеќето болиди и до каде се тимовите со развојот. Во средниот ред тоа е многу важно бидејќи сакаме да сме понапред и не делат две десетинки – посочи французинот.

Со оглед на тоа колку се близу болидите во средниот ред, Гасли смета дека квлаификациите ќе се клучни за АлфаТаури. 

Знаеме дека е тешко да се престаса во Барселона, посебно со новите болиди. Тешко е да се претпостави што ќе се случи, Но за нас е важно да имаме добри квалификации и ќе бидеме поблиску до предниот ред. Како тим работиме напорно и сакаме да ни се исплати работата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ