Гасли: Ќе завршиме со бастун на 30 години ако продолжи потскокнувањето

Пјер Гасли побара од ФИА да ги спаси возачите за да не завршат со бастун на 30 години откако пријавија физички проблеми поради екстремното потскокнување во Баку.

Новата генерација на Формула 1 болиди го означи враќањето на земјениот ефект, барајќи од нив да бидат поставени колку што е можно пониско до земјата. Ова резултираше со појава на потскокнување кај болидите при големи брзини, што влијае на поголемиот дел од тимовите. На тркачкиот викенд за Големата Награда на Азербејџан, проблемот достигна нова граница бидејќи голем број возачи пријавиле болки во грбот поради скокањето на нивните болиди, особено на крајот од долгиот правец и поради нерамната природа на патеката, која е улична.

Гасли заврши на петто место за Алфа Таури во Баку, забележувајќи го својот најдобар резултат во сезоната досега, но призна дека никогаш не возел трка толку брутална во неговата Формула 1 кариера.

Не е здраво, тоа е сигурно. Имав физио-сесија пред и после секоја тренинг сесија, само затоа што моите рбетни дискови страдаат од тоа. Буквално немаш суспензија, Само ти удира низ кичмата.

Го загрозувам моето здравје поради перформансите И секогаш ќе го правам тоа затоа што сум возач и секогаш одам по најбрзиот болид што можам да го имам. Но, мислам дека ФИА не треба да не стави во позиција каде што треба да изберете помеѓу здравјето и перформансите.

Тоа е незгодниот дел  и очигледно не е одржливо. Така, тоа е она што го разговаравме на брифингот на возачите и некако ги предупредивме за овој проблем и ги замоливме да најдат решенија за да не спасат од тоа да завршиме со бастун на 30 години – побара французинот.

Гасли призна дека можел да го види влијанието што го имало потскокнувањето врз болидот додека ретровизорите се треселе, што значи дека видливоста станала навистина слаба.

Исто така, понекогаш болидот се движи сам, само затоа што се тресе воланот. при таква брзина, не е лесно. Мислам дека не можат да поправат нешто до крајот на годината, Но се надевам за следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ