Гасли ќе се потруди да не добие забрана за трка

Пјер Гасли ќе ги продолжи разговорите со ФИА околу целата ситуација со неговите казнени поени кои може да му донесат забрана за учество на една трка. 

Возачот на АлфаТаури има 10 поени на својата супер лиценца и следните два поени му носат принудна пауза, а поените се бришат по 12 месеци откако се добиени.  Пред трката во Бразил, Гасли зборуваше за можната забрана и колку се срами што се нашол во таква ситуација. 

Нема да лажам, Ова е непријатна и деликатна ситуација. Понекогаш се срамам што сум во ваква ситуација. Мислам дека е лошо што сум тука и може да добијам жестока казна, Но водам дискусии со ФИА за да најдеме решение. Сакам да ја завршам сезоната со АлфаТаури на најдобар начин – објасни французинот.

Наредната година тој ќе вози за Алпин и додаде дека не сака да испушти трка. 

Сакам да ги извозам сите трки наредната година и да дадам се од себе со Алпин. Можеби ќе имам конкурентен болид и не сакам да загубам борба во шампионатот. Не смеам да си го дозволам тој ризик.

Ова е тешка ситуација и Водам разговори со ФИА да најдеме решение, но поради правилата мислам дека нема такво нешто.

Се надевам дека нема да се најдам во ситуација да добијам забрана за трка. Тоа е лошо за мене.

Не е добар пристапот и не сакам да одам со толку поени наредната година. Во исто време и нема јасно решение. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ