Големи промени во Мекларен, Кеј заминува, Санчез место него

Мекларен најавија големо реструктурирање во тимот и тоа се однесува на заминувањето на техничкиот директор Џејмс Кеј и доаѓањето на поранешниот инжинер на Ферари, Давид Санчез. 

Тимот има разочарувачки старт на сезоната и по две трки сеуште немаат освоено ниту еден поен, а веќе почнаа со реструктуирање на техничкиот дел. Кеј се приклучи на тимот во 2019 година, а сега заминува од екипата откако Мекларен се одлучија да направат нова струтура. Наместо еден технички директор, сега тимот ќе има тројца клучни специјалисти кои ќе му одговараат на шефот на тимот, Андреа Стела, кој е исто така поранешен вработен на Ферари. 

Еден од тројката ќе биде Давид Санчез кој неодамна замина од Ферари. Во моентов тој е на принуден одмор и нема да може да се приклучи на Мекларен до 1 јануари 2024 година како технички директор за концепт и перформанси.  Покрај него ќе работи и Петер Продромоу кој ќе биде технички директор за аеродинамика, а последниот ќе биде Нил Холди, кој ќе биде технички директор за инженеринг и дизајн.

Џузепе Песке ќе добие улога на директор за аеродинамика и шеф на персонал и ќе му одговара на Продромоу. Пјер Тини ќе има проширена улога на оперативен директор во тимот и ќе му помага на Стела. 

Санчез, кој претходно работеше со Мекларен од 2007 до 2012 година изјави дека со нетрпение чека да му се приклучи на тимот. 

Возбуден сум што се враќам во Вокинг и со нетрпение чекам да работам со Питер и Нил за да ги постигнеме целите. Мекларен имаат неверојатно талентиран персонал и со новата инфраструктура очекуваме да одиме напред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ