Гридот пред трката сепак ќе има луѓе

Спротивно од првичните извештаи кои тврдеа дека на гридот во пресрет на трките нема има персонал од екипите, одлуката не била прифатена, така што пред стартот ќе има персонал од тимовите на самите патеки.

Првичните тврдења беа дека строгите процедури ќе наложат возачите во своите болиди да излезат од своите гаражи, да возат круг за загревање и потоа да се паркираат на стартно-целната рамнин.

го одбивме тој предлог. возачите ќе мора да се наместат соодветно на гридот, а таквото местење не е исто со распоредот на гаражаите, така што ќе имаше нелогичност.

сега понмалку луѓе ќе смеат да бидат присутни на гридот, околу 40 по екипа се до сигналот кој означува три минути пред почетокот на трката кога ќе сметат да останат само осум луѓе до болидот.

целата процедура е скусена од поранешните 40 минути на 30 минути – откри спортскиот шеф на алфа ромео, беат зандер за германски Auto Motor und Sport.

Возачите, персоналот и претставници од медиумите кои добија дозвола да присуствуваат на трката во моментов минуваат низ прва серија тестови за Ковид-19.

ред бул ринг буквално херметички е затворен од 29 јуни. само акредитирани луѓе со негативен тест за корона вирус може да влезат на патката директнро од фабриките. влез и излез од патеката се врши строго регулирано затоа што како домаќини и организатори мораме да бидеме многу внимателни – откри хелмур марко за Servus TV.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ