Гросжан или Магнусен може да се вратат како замени во Хаас

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, не ја исклучува можноста еден од неговите лански возачи, Роман Гросжан или Кевин Магнусен, да се врати во екипата како замена доколку тоа е потребно поради некои проблеи годинава.

Сепак, приоритет за американската екипа да имаат под договор резервист кој ќе патува заедно со тимот и ќе биде присутен на трките доколку се случи нешто со редовните Мик Шумахер или Никита Мазепин. Двајцата поранешни возачи на Хаас годинава ќе се тркаат во Америка, Магнусен во ИМСА ендјуранс серијата со прототип автомобили, а Гросжан во Индикар, но без овални патеки, така што никој од нив нема можност да патува со Формула 1 тим.

Сепак, можност да бидат повикани доколку имаат време и немаат обврски спрема своит еработовдавци секако дека постои.

не ми пречи да возат за нас како замени, секако ако се слободни, а мислам дека и тие би биле многу среќни да се вратат во тимот. не сум ги прашал, но не се разделивме непријателски – откри стаинер.

Гунтер откри дека останал во редовен контакт со двајцата и покрај тоа што си нашле нови работи.

му пратив порака на роман денеска да го прашам нешто, а зборував со кевин минатата недела за време на трката во дејтон, така што среќен сум за двајцата.

како што секогаш велам, се разделивме пријателски, немаше распад на соработката, може да се случи да работиме заедно и во иднина. секако дека не беа срени и задоволни, но имавме одлично и долго време заедно во хаас.

сите убави работи во животот имаат свој почеток и свој крај, така и овој пат, но сеуште имаме однос и остануваме во контакт. среќен сум што продолжија да се тркаат.

Инженерот потврди дека екипата има намера да има резервен возач на патката на сите тркачки викенди, слично како и лани кога тоа за нив го одработуваше Пиетро Фитипалди, а не се исклучува ни можноста да се продолжи соработката со бразилеот кој го менуваше Гросжан на две трки лани.

мислам дека годинава мораме да носиме трет возач како и лани поради пандемијата поради која ништо не се знае. мора да се има трет возач на патеката, тоа е тоа во моментов.

не брзаме да именуваме и да склучиме договор со никого, разговараме со пиетро, тоа е јасно, но никој не брза.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ