Гросжан: Расел е најдобриот за ГПДА

Роман Гросжан сподели зошто мисли дека Џорџ Расел е најдобриот возач за директор на Асоцијацијата на Гранд При возачи во Формула 1.

По лошиот судар минатата сезона во Бахреин, Роман ја заврши предвреме својата Формула 1 кариера. Иако тој продолжи да се трка во Индикар, неговото заминување остави празнина во ГПДА. 

Мислам дека Расел е вистинскиот човек. Потребен е млад човек во бордот кој ќе има нова визија и нови идеи. Добро е што Џорџ и Себ ќе менаџираат со ГПДА. Помеѓу нив има 10 до 15 години разлика која на патеката и не е толку голема. 

Гросжан изјави дека сеуште е дел од ГПДА, но не е активен. 

Сеуште контактирам со нив, но не сум активен член. Имаме WhatsApp група и им го давам моето мислење. 

Французинот даде и свое мислење за границите на патеката за кои многу се зборува оваа сезона. 

Ставете трева или песок покрај патеката и нема да треба да се грижите повеќе. Тоа е нешто што ми се допаѓа во САД и не се зборува повеќе за тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ