Гросжан сакал да го напушти Хаас

Роман Гросжан изјави дека веќе бил подготвен да го напушти Хаас уште пред Гунтер Стаинер да му ја соопшти одлуката на тимот да не продолжи со него. 

Французинот си замина од Формула 1 минатата година, но тој веќе знаел дека треба да си замине, а ги пропушти последните две трки поради изгореници по несреќата на трката во Брахреин. 

Хаас се мачеше да биде близу до топ 10 на почетокот, но подоцна нивната форма ја снема и завршуваа на 9та позиција во генералниот пласман две години за ред. 

Јас завршив уште на првата трка во 2020 година. Немавме тестови четири месеци и одеднаш се појавив на првиот тренинг кога ми откажаа сопирачките. Си реков дека тимот не оди никаде и нема што да се покаже.

Еден ден седев со жена ми и си реков дека нема да продолжам со хаас. Подоцна ми се јави Гунтер и ми кажа дека ми требаат спонзори и толку беше за мене – се присетува роман.

Тој по завршувањето со Формула 1 замина во Америка и вози во Индикар. Сега има три подиума зад себе, но не вози на овалните трки. 

Не беше лесно да потпишам со Дејл Којн бидејќи немав пари, а сакав да се тркам. Немав личен тренер, се сам си плаќав, Но уживав. Сега имам свртено целосно нов лист. Мислам дека немаше да ми оди по план, но уживам и ова е неверојатно искуство. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ