Гунтер гледа ветувачки знаци во новините на тимот

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, откри дека иам сеуште работа во врска со новите делови кои тимот ги донесе на Хунгароринг, но она што првично го гледа е ветувачки.

Тимот беше единствен кој до сега не донесе никакви нови делови на својот болид кој е исти од почетокот на сезоната, а најавеното дека ќе бидат донесени новини на Хунгароринг беше остварено. Сепак, сударите на Мик Шумахер потрошија доста од буџетот на тимот и екипата успеа да произведе нови делови само за еден болид, оној на Кевин Магнусен.

немавме лош петок, работевме да го разбереме пакетот новини на болидот на кевин кој го донесовме, но имаме уште многу работ, но во моментов изгледа ветувачки. знаеме дека имаме уште работа со балансот и сеуште не сме решиле во која насока да се движиме – посочи шефот на екипата.

Мик Шумахер заврши веднаш зад својот колега, а Стаинер откри дека младиот германец имал проблем со предното крило поради што губел доста потисна сила.

мик имаше проблем со предното крило на вториот тренинг во петок така што не ја добиваше вообичаената потисна сила и треба да видиме во што беше проблемот иако и тој немаше лоша сесија.

во сабота ќе имаме целосно различни услови за возење поради тоа што се очекува дожд, така што ние имаме податоци за анализа вечерва,иако во моментов се изгледа добро.

Кевин Магнусен беше задоволен од новите делови иако е свесен дека треба време да се оптимизираат за да се извлече максимум од нив.

чувството беше убаво, немавме проблеми и беше добро како и што очекувавме, така што среќен сум со тоа. имаме многу работа за да извадиме повеќе перформанси, но ќе дојде и тоа. се надеваме дека во сабота ќе напреднеме, а ако биде мокро, ќе биде коцкање за сите.

Шумахер призна дека се обидува да го научи Хунгароринг со новата генерација болиди затоа што патеката е доста нерамна.

не беше лесно денеска, се работеше само на привикнување на патеката со овие нови болиди затоа што истата е доста нерамна. сфаќаме каде се поголемите нерамнини и се обидуваме на нив да го прилагодиме болидот.

сеуште треба да работие на сериите со многу и со малку гориво и тоа е главен фокус во моментов. вообичаено сме доста силни кога врне и да се надеваме за најдобро за утре. ако погодиме со сетирањето, ќе бидеме добри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ