Дамиани бара Владата да го сочува Џовинаци во Ф1

Првиот човек на Италијанскта автомобилистичка федерација (АЦИ), Анџело Стичи Дамиани, соочен со потенцијалното губење на местото на Антонио Џовинаци во Формула 1, побара од Владата да превземе мерки за да земјата не остане без Формула 1 возач во иднина.

По три години минати во Алфа Ромео, тимот размислува дали да го задржи Џовинаци во тимот откако годинава освои само еден поен, нема уверливи перформанси, така што партнерот на Валтери Ботас следната година сеуште е под знак прашалник.

Алфа размислуваат за својот јуниор Тео Пурчер, дури и за Гуанју Жу, кинескиот штитеник на Алпин за кого спонзорите се подготвени да платат 30 милиони евра. Фредерик Васур неодамна призна дека со искуството кое Ботас го носи во екипата, може д си дозволат да донесат и дебитант.

Доколку Антониот не остане во швајцарската екипа со италијански главен спонзор, земјата ќе остане без возач во спортот. Поради тоа, дамиани побар од Италијанската Влада да најде начин да го поддржи пилотот.

тој е одличен возач, но сеуште не добил можност да го покаже својот целосен потенцијал. се надевам дека владата е свесн за ова и за вредноста која џовинаци ја има, поради што ќе направи нешто за да му помогне. тј го има неопходниот квалитет за да остане во формула 1, но спортот веќе не е како порано кога најдобрите возачи сеако си имаа места.

талентот сеуште е битен за да останете дел од спортот, но битни се и парите кои со себе ги носите во екипата. наша обврска е да го браниме антонио џовинаци и да му дадеме можност да продолжи во формула 1 каде неговиот потенцијал константно ќе се развива – објасни дамиани.

Џовинаци е јуниот на Ферари, а Скудерија го смести во Алфа Ромео како дел од договорот со кој имаа право на едно место во тимот, но Матиа Биното веќе откри дека таквата одлука повеќе не е на сила.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ