Де Вриес и Мекларен нема повеќе да соработуваат

Холандскиот Формула 2 возач, Ник де Вриес, нема повеќе да соработува со Мекларен Формула 1 екипата.

Холандските медиуми викендов пренесоа дека младиот возач кој е дел од тимот за млади возачи на Мекларен од 2010 година повеќе нема да работи во симулаторот на екипата во Вокинг.

нема повеќе да работам во симулаторот на мекларен – кратко изјави де вриес за време на ендјуранс трката во спа викендов.

Порепарол трофејната екипа од Вокинг потврди дека де Вриес не работел во симулаторот на тимот од крајот на минатата година и покрај тоа што го има на вебсајтот на друштвото како дел од младинскиот погон на тимот, заедно со Серџо Сете Камара.

Главна програма за холанѓанецот сезонава ќе биде Формула 2 тркачката серија каде ќе вози за АРТ и каде во моментов е на 4то место во опредокот со најдобар пласман од второ место на четирите одржани трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ