Де Врис може да добие отказ од Марко

По само четири трки во својата прва Формула 1 сезона, Ник де Врис ризикува да добие отказ.

Покрај другиот дебитант сезнава, Логан Сарџент, тој е единствениот кој нема освоено поени до сега. Јан Ламерс смета дека де Врис мора да поправи нешто и брзо да дојде до поени. 

Доколку Алонсо или Хамилтон го направат тоа, ќе им се прости, Тие имаат репутација и ништо не им можат, Но со Ник е доста различно. Ова е безмилосен свет и вистината е дека болидот е доволно добар, Но тој нема освоено поени. ТОј има шанса да се докаже, но не го прави тоа – смета ламерс.

Минатата година де Врис беше резервен возач во Мерцедес и според Ламерс тој имал многу среќе со шансата да вози на трката во Монца каде освои поени и се покажа во извонредно светло. 

Во Монца имаше најбрз болид на правците и привлече внимание. Затоа доби место, Но тој не се притиска себеси, туку притисокот доаѓа од Франц Тост и Хелмут Марко. Доколку продолжи вака, ќе добие отказ од Марко. Искрено се надевам дека ќе се подобри. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ