Де Врис откри како заглавил во поплавената Имола

Возачот на АлфаТаури, холанѓанецот Ник де Врис, откри колку тешки биле условите окол Имола и колку тешко било да се движиш во областа минатите неколку денови.

Во Среда беше потврдено дека Гранд При трката на Имола е откажана поради временските неприлики, обилните дождови и огромните поплави во регионот. Патиштата и мостивите беа затворени поради претераното количесто вода, додека калта лизгаше и блокираше.

Де Врис не успеал да стигне до својот хотел и преспал во собата на еден член на Мекларен, а потоа им се заблагодарил на луѓето кои му помогнале додека се движел низ областа, вклучително и на човекот од Мекларен.

Во својот пост на Инстаграм тој откри какви се проблеми немал на патот од фабриката на својот тим во Фаенца до автодромот.

вторник попладне окол 11.30 часот тргнав кон фаенца во пресрет на денот наменет за маркетинг активности на алфатаури кој требаше да се случи во среда. интензивно врнеше, фаенца веќе беше поплавена и не успеав да стигнам до мојот хотел, а враќање на автопатот исто така не беше можно во тој момент.

заглавив во едно мало село во кое имаше еден целосно резервиран хотел. за среќа, тимот на мекларен беше сместен таму од порано и човекот кој работи на дигалката на предниот дел од болидот, се викаше фрејзер, беше доволно љубезен да ми ја даде неговата соба.

следното утро хотелското лоби беше претворено во засолниште за итни случаи за луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови во текот на ноќта – опиша де врис.

Откако во Среда за време на ручекот и официјално била откажана трката, возачот не можел да ја напушти областа и морал истото да го стори преку споредни планински патчиња.

по соопштението од формула 1 видов само една опција да стигнам дома, а тоа е возење низ фиренца. по авантурата низ планините благодарение на локалците и властите од различни мали селца, конечно стигнав безбедно дома.

му благодарам на секој човек кој беше доволно љубезен да му помогне, навистина ми се наполни срцето кога гледав како луѓето се грижеа едни за други. оние кои сеуште се во проблематичните региони ми се во мислите, наскоро ќе се вратам во фаенца да го посетам регионот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ