Де ла Роса: Мерцедес се пред сите

Поранешниот Формула 1 возач, Педро де ла Роса, смета дека во пресрет на оваа тркачка сезона Мерцедес се пред Ред Бул, а потоа следува Ферари, додека “розевиот Мерцедес“ односно Рејсинг Поинт е доста зад нив.

рејсинг поинт не се шега нели? тие се навистина многу брзи.

ферари не се лоши, но мислам дека ред бул се пред нив во моментов, а никој не е како мерцедес, ве убедувам во тоа – изјави де ла роса во својата изјава за шпански El Confidencial откако присуствуваше на тестот во барселона.

Исто така, шпанецот смета дека фабричката екипа на Рено е подобра од своите муштерии од Мекларен.

кога дојдов на тестот лани не мислев дека мекларен се добри, но во својата трета година со рено тие стануваат се подобри. сепак, мислам дека се во група со останатите и слични како лани и од 4та до 10та екип во поредокот ќе бидат многу блиску. ќе биде брутална битка да се влезе во к3.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ